Актуелно 15.01.2019 11:28

Мухамед Зекири од СДСМ со опомена до ДУИ: Немојте да се китите со туѓи перја!

Мухамед Зекири од СДСМ со опомена до ДУИ: Немојте да се китите со туѓи перја!

Пратеникот од СДСМ, Мухамед Зекири, им порачува на ДУИ да не се китат со туѓи перја, порачувајќи дека за Законот за јазици заслужна е партијата на Зоран Заев.

„Речиси една декада на власт со ВМРО-ДПМНЕ глас не им се слушна. Денеска со толкава помпезност и пофалби сакаат да се китат со туѓи перја.

Заслугите за отворање на вратите на Македонија за членство во НАТО и ЕУ, како и за официјализирањето на албанскиот јазик, им припаѓаат на граѓаните кои го прифатија концептот „Македонија едно општество” за сите!!! Без еуфорија, Ве молам. Граѓаните најдобро знаат кој работи за нивно добро“- напиша на Својот Фб профил Зекири, откако Законот за употреба на јазиците официјално беше објавен во Службен весник.

Без потпис на претседателот Ѓорѓе Иванов, Законот за јазиците беше објавен во Службен весник и со тоа станува втор службен јазик во Македонија.