Актуелно 17.02.2019 13:23

МВР ги „тресеше“ возачите: Викендов фрштеа казни во акциска контрола

МВР ги „тресеше“ возачите: Викендов фрштеа казни во акциска контрола

Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје на 16/17.02.2019 година во периодот од 22.00 до 04.00 часот спроведе зајакната акциска контрола за откривање возачи кои управуваат со возило под дејство на алкохол на подрачјето на Скопје, соопштија од МВР.

Од страна на полициски службеници контролирани се 187 возачи, a кај 33 утврдено е присуство на алкохол. Откриени се и 50 останати прекршоци.

Во однос на управување на моторни возила со брзина поголема од дозволената спроведена е акциска контрола на 16.02.2019 година во периодот од 06.00 до 22.00 часот, при што констатирано е дека 47 возачи ја пречекориле брзината на движење со моторно возило и издадени се мандатни платни налози.

Исто така, констатирани се и 82 останати прекршоци за кои се издадени 61 мандатни платни налози и 21 прекршочни платни налози. На 16/17.02.2019 година во периодот од 23,00 до 05,00 часот на подрачјето на Скопје со специјално возило “пајак” се подигнати 24 возила кои биле непрописно паркирани, во најголем дел на Кеј 13 Ноември.

Најнови вести