Актуелно 06.11.2018 11:57

МВР ќе потроши 17 милиони денари за камери, фотоапарати, двогледи и мегафони

МВР ќе потроши 17 милиони денари за камери, фотоапарати, двогледи и мегафони

Министерството за внатрешни работи набавува камери, фотоапарати, двогледи и мегафони во вредност од 17 милиони денари.

На страната на Бирото за јавни набавки стои оглас за доделување на договор за јавна набавка каде како предмет на договорот стои набавка на камери, фотоапарати, двогледи и мегафони.

Проценетата вредност на договорот изнесува 17 милиони денари, односно нешто над 270 илјади евра.