Актуелно 25.10.2018 15:23

МВР ќе троши 10 милиони денари за фотелји и маси

МВР ќе троши 10 милиони денари за фотелји и маси

На официјалната страна на Јавни набавки објавен е оглас од страна на Министерството за внатрешни работи за набавка на канцелариски мебел во износ од 10.000.000 денари или 162 илјади евра.

Ова не е прв пат Министерството за внатрешни работи да троши огромни суми на пари на луксуз додека во повеќе наврати во јавноста излегоа информации за лошите услови во кои работат полицајците и дека имаат недостиг  на основни услови за работа односно соодветни униформи.

Имено, во јавноста постојано излегуваат информации за непродуктивни трошења од страна на институциите додека воопшто не се вложува во унапредување на нивната работа