Околу 19,15 часот вчера било пријавено дека во Гостивар, 17 годишнa девојка од село Здуње, гостиварско, бегајќи од кучиња-скитници, паднала во водите на реката Вардар во близина на мостот.
Веднаш по добивањето на пријавата, преземени се мерки за пронaоаѓање.
Во 22,30 часот девојката е пронајдена почината во близина на мостот во село Балиндол, гостиварско.
Извршен е увид и по наредба на јавен обвинител телото е предадено за обдукција.