Актуелно 27.07.2018 11:52

МВР упадна во Фондот за иновации и технолошки развој

МВР упадна во Фондот за иновации и технолошки развој

Службите на МВР од синоќа се во просториите на Фондот за иновации и технолошки развој по налог на Обвинителството за организиран криминал. Полицијата бара документи поврзани со последната одлука на фондот за доделување неповратни средства за македонски компании кои евентуално би биле поврзани со владини претставници.

Од обвинителство велат дека се работи за предистражна постапка и не можат да даваат повеќе информации. Од ондот претходно објавија дека се е чисто и прописите дозволуваат секој кој сака да учествува во процесот на евалуација и неговиот иновативен проект да биде ко-финансиран.

Пред три дена, по објавите во медиумите за евентуални злоупотреби при доделување на грантови по јавен повик од Фондот за иновации и технолошки развој, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција оформи предмет по допрен глас.

Од обвинителството тогаш соопштија дека преземаат дејства за утврдување на факти во предметот, а во врска со евентуални сторени кривични дела во постапката по јавен повик за финансирање проекти во рамки на третиот столб од Планот за економски раст – прв инвестициски бран.