Актуелно 23.11.2018 13:43

МВР вежба справување со демонстранти кои бараат леб. Дали Владата очекува социјални немири?

МВР вежба справување со демонстранти кои бараат леб. Дали Владата очекува социјални немири?

На социјалната мрежа Фејсбук се појави фотографија на која се гледа како припадниците на МВР одржале вежби на кои симулирале разбивање на протести на социјални категории кои бараат леб или држат транспарент „сакаме вода“.

Оваа фотографија со свој коментар ја објави долгогодишниот истакнат партиски активист на СДСМ Ивор Мицковски

-МВР кое не се бави со одговорност, се вежбала на Криволак.

Многу ми е индикативно што веројатно вежбава е за граѓански протести, а уште појако што се вежбаат на слогани „Сакаме леб“- напиша Мицковски.

Дали Владата и МВР се свесни дека економската и социјална криза во Македонија наскоро треба да ескалира па тоа ќе предизвика немири меѓу граѓаните?

Владата веќе најави покачување на даноците, цените се зголемуваат, буџетот за идната година е најголем во досегашната историја што значи најголемо зафаќање од парите на граѓаните и фирмите, а во неколку европски земји се јавија жестоки протести поради покачувањата на горивата.

Дали овие мерки го запалија црвеното светло во Владата или можеби се подготвуваат нови шокирачки мерки на владата кои ќе предизвикаат дополнително осиромашување на граѓаните и пад на стандардот.