Живот 20.08.2018 13:01

На граничниот премин „Богородица“ се чека и до 30 минути

На граничниот премин „Богородица“ се чека и до 30 минути

Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен, информираат од АМСМ и додаваат дека е  забележана зголемена фреквенција на возила на граничниот премин „Богородица“, каде времето на чекање е од 15 до 30 минути.

За разлика од граничниот премин „Богородица“, на другите гранични премини, од македонската страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, се додава во соопштението на Авто-мото сојузот на Македонија.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација, особено во клисурите и засеците каде што е можна и појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.

Во соопштението се додава дека возачи треба да внимаваат и на патниот правец Р 1308 Макази – г.п. Маркова Нога поради свлечиште кај м.в. Долги Рид, бидејќи сообраќајот се одвива по една коловозна лента во должина од 150 метри. На самото место поставена е соодветна сообраќајна сигнализација.