Финансии 30.04.2018 11:34

На кешот му се заканува целосно изчезнување?!

На кешот му се заканува целосно изчезнување?!

Новите банкноти од 2014-та година не влегоа во промет, Норвешка е првото безготовинско општество во светот, иако се претпоставуваше дека тоа ќе биде Шведска. Овие информации ги соопшти Џон Николсен, еден од најстарите носители на економски одлуки во оваа богата европска држава.

 

„Нивото на користење готовина во трансакциите е толку ниско што сметаме дека сме нација која го исфрла од употреба кешот“, објасни Николсен, тврдејќи дека се користат помалку од 3% од парите и дека плаќањето со нив опфаќа 10% од сите трансакции во Норвешка.

Во оваа држава дури и кафето се плаќа со картичка, односно по електронски пат.

„Нема тоа никаква врска со мерилата на Централната Банка, туку ова е одраз на желбите на сите кои парите ги користат секојдневно, а тоа се потрошувачите“, напомена економистот.

Според него, никој нема намера да го „ликвидира“ кешот, туку тој постепено излегува надвор од употреба и може воопшто да го нема поради зголемениот број алтернативни трансакции.

Имено, соседните држави Шведска и Финска се повеќе бегаат од кешот, а Николсен се плаши од целосно изчезнување не само во оваа држава, туку и во цел свет во наредните 10 години.

Останати вести од Финансии

Министерството за финансии денеска од централниот Буџет до Рзвојната банка ја префрли првата транша од 10,4 милиони евра средства наменети за поддршка на домашните компании. Трансферот беше реализиран по доставено барање на Развојната банка за повлекување на средствата, а по одобрување на проектите од страна на деловните банки. Имено, во Буџетот за 2025 година се планирани 250 милиони евра средства за поддршка на домашните компании со кои ќе се поттикне реализација на нов инвестициски циклус во приватниот сектор, којшто ќе влијае на поттикнување на економската активност. „Очекуваме компаниите да ги препознаат поволните услови кои ги обезбедивме со оваа кредитна линија и планираните средства да се искористат во целост. Тоа ќе биде силен поттик на домашната економија и поддршка особено имајќи ги предвид понеповолните услови во глобални рамки“, напиша министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска на својот ФБ профил. Таа додава дека Министерството за финансии и Владата остануваат посветени партнери на бизнис секторот.