Економија 01.03.2019 12:35

На задолжувањата им нема крај- Владата ќе се заборчи за нови 130 милиони евра

На задолжувањата им нема крај- Владата ќе се заборчи за нови 130 милиони евра

Владата планира да ги задолжи граѓаните за нови 130 милиони евра наредната недела односно на 05.03.2019 година. Имено, на официјалната страна на Народна Банка на Република Македонија објавена е аукција на државни хартии од вредност во износ од 8.000.000.000 денари или 130 милиони евра.

Ова е само едно од низата задолжувања кои ги прави Владата и Министерството за финансии додека капиталните инвестиции заклучно со месец Јануари според извештајот се катастрофални 1, 09 %.

Според експертите ваквата состојба каде задолжувањата вртоглаво растат додека капитални инвестиции нема е алармантна и опасна.