Криењето зад тоа дали сме за ЕУ и НАТО е манипулација со граѓаните. Сега прашањето е за договорот за името, а не за влез во НАТО и ЕУ. Членството во овие организации никогаш не се доведувало во прашање, рече Александар Нацев од ВМРО-ДПМНЕ, гостувајќи на телевизија Алфа во емисијата Отворено.
-Прашањето требаше да биде едноставно, дали сте за договорот или побрутално кажано дали сте за промена на името? Зошто вака како што е поставена работата нема ништо да биде лесно. На пример, кој ни гарантира дека ние во иднина нема да имаме дополнителни блокади. Има безброј замки и ние свесно се ставаме во ситуација со договорот да имаме многу сопки на патот кон НАТО и ЕУ, посочи Нацев.
Тој укажа дека ако не се водеа така разговорите како што се водеа, договорот ќе беше поинаков, ќе имавме подобар договор.
-Во договорот на пример има втора страна, или се користи за нашата држава втора страна, а не Република Македонија. Но, јасно е овој договор го постигна Зоран Заев кој за државава вели тоа на М…, а Шекеринска не сака да употреби Република Македонија и вика мојата земја, рече Нацев.