Финансии 06.07.2018 08:49

Над 800 криптовалути вредат помалку од еден цент

Над 800 криптовалути вредат помалку од еден цент

Во неодамнешниот масакр на криптовалутите, меѓу кои и најпопуларниот Биткоин кој изгуби околу 70% од вредноста, околу 800 криптовалути сега вредат помалку од еден цент, пишува CNBC.

Иако иницијалните понуди (ICO) продолжуваат да го преплавуваат пазарот на криптовалути, не сите се успешни, и навистина мал дел од дигиталните монети успеваат да “преживеат”. Всушност, добар број од нив завршија како измами, а многу од нив не произведоа никакви опипливи понуди во однос на ветениот производ или услуга. “DeadCoins” – веб-сајт кој ги следи ICO измамите, идентификуваше околу 800 криптовалути кои може да се сметаат за “мртви”, и се дефинирани како оние чија вредност е под еден цент, а со тоа се безвредни и бескорисни. Сега на оваа ажурирана листа на “мртви” криптовалути има над 800, а бројот продолжува да расте.

Тимот на “DeadCoins” се обидува колку што е можно да ја задржи својата листа ажурирана и на тој начин “да го исчисти” пазарот на криптовалути од различно ѓубре. На листата освен името, описот, кратенките, а понекогаш и линк со информации за секоја криптовалута поединечно, вклучува информации за тоа зошто некои од нив се прогласени за безвредни. Така криптовалутите се ставаат во четири групи – згаснати, хакирани, пародии или измами. Вообичаено, згаснати или неуспешни криптовалути во моментот се над 630, 12 се прогласени за хакирани, 130 во категоријата измама и се наведени над 50 монети за пародија. Секој кој има информации за друг неуспешен крипто проект може да го пријави на истото место, а нивниот придонес ќе помогне да се ажурира оваа листа.