Економија 12.10.2018 18:28

Најбогатиот човек на светот Џеф Безос е посиромашен за 9,1 милијарда долари по падот на берзата

Најбогатиот човек на светот Џеф Безос е посиромашен за 9,1 милијарда долари по падот на берзата

Најбогатиот човек на светот Џеф Безос е посиромашен за 9,1 милијарда долари по стрмоглавиот пад на берзата во средата. Волстрит доживеа најголем пад од февруари и со него најмногу е погоден технолошкиот сектор. Акциите на Амазон паднаа за 6,15 отсто и тоа е продолжување на негативниот тренд. Од почетокот на овој месец компанијата загуби 13,2 отсто пазарна капитализација.

Освен Безос, уште шест милијардери кои се на листата на 20 најбогати во светот почувствуваа од падот на Волстрит. Според Форбс, на нив им се истопиле 11,9 милијарди долари. Меѓу нив се основачиоте на Гугл Сергеј Брин и Лари Пејџ, кои останаа „покуси“ за 4,3 милијарди долари, додека Мак Закерберг има 2,4 милијарди долари помалку на сметката и сега вреди само 56,7 милијарди долари