Мозаик 10.10.2018 23:01

Најбогатиот Кинез, „тежи“ 39 милијарди долари

Најбогатиот Кинез, „тежи“ 39 милијарди долари

Џек Ма сопственик на онлајн трговијата Алибаба, е на прво место на листата на најбогати Кинези. Неговото богатство е проценето на 39 милијарди долари. Кинеската истражувачка агенција Хурун со седиште во Шангај, објави листа со најбогатите Кинези на кој сопственикот на Алибаба Џек Ма е на пвото место.

Лани најбпогат Кинез беше Ксу Џиајин, основач и сопственик на компанија за продажба на недвижнини Гуангчу Евергранде со 36 милијарди долари. Сега е на второ место. На трето место е Пони Ма, сопственик на ИТ компанијата Вечат Тенсент со богатство од 35милијарди долари.

На листата воКина, 28,7 отсто се жени, а најбогата меѓу нив е Јанг Хуијен со богатство од 22 милијарди доларил.