Мозаик 25.12.2018 15:49

Најдосадните професии

Најдосадните професии

Едно интересно истражување со позанимава со најдосадните професии, па проверете дали една од нив е токму вашата професија!

Утре следува уште еден работен ден, но со задоволство би останале дома нели? Мислите дека вашата работа е досадна? Секако, не е секоја професија возбудлива и полна со предизвици, но сега можеме со сигурност да знаеме кои од нив се најдосадни.

Студијата која ја спроведе „ Emolument“, направи испитување на околу 1.300 луѓе во 14 различни земји. Мора да кажеме дека резултатите поприлично се изненадувачки, пренeсе New York Post.

Кој од вас е голем обожавател на серијата„Suits“?! Можеби ќе го промените мислењето откако ќе ја слушнете следнава информација. Со 81%, правните професии се покажаа како најдосадни. Второ место заземаат работните места во кои се управува со проекти и тоа со 78%. Додека на трето место се најдоа оние кои се занимаваат со грижата околу потрошувачите со 71%.