Мозаик 20.12.2018 01:35

Откриено: Шаманството најстара професија во светот

Откриено: Шаманството најстара професија во светот

Наспроти урбаниот мит и уверувањата, науката откри дека најстара професија во светот е шаманството.

Истражувачот од харвардската Школа за уметности и наука, Мануир Синг смета дека древните народи навистина биле убедени дека шаманите можат да управуваат со времето, да обезбедат успех во ловот, како и да лекуваат болести. Волшебниците биле посебна општествена класа, која заработувала од својата моќ и углед.

Пред да стане „полноправен“ шаман, човек требало да мине низ посебен обред на иницијација, што вклучувал редица сложени предизвици. Токму тоа ги издвојувало „избраните“ од останатите членови на племето, а и го утврдувало правото на шаманот да прави маѓии.

Според Синг, токму таа „обука“ го определува шаманството како посебна професија, која не можел секој да ја извршува.