Турскиот претседател Реџепт Таип Ердоган денес ќе го отвори новиот, трет аеродром во Истанбул, кој како што е најавено, низ 12 години ќе биде најголемиот во светот, кога целосно ќе биде завршен.
Ќе присуствуваат повеќе од 50 високи функционери од целиот свет, меѓу кои и македонскиот претседател Ѓорѓе Иванов.
Аеродромот е изграден на европскиот брег кај најголемиот град на Турција, во округот Арнавутко.
Новиот аеродром на Истанбул на бреговите на Црното море ќе опслужува 90 милиони патници годишно во првата фаза. Кога ќе биде завршен целосно за 12 години, ќе може, како што се тврди да прими и 200 милиони патници годишно, со слетување на авиони на дури шест писти.
За почеток ѕирнете како изгледа аеродромот кој денес ќе ги отвори вратите.