Економија 11.05.2018 14:11

Најголемиот пазар на електрични автомобили во Германија

Најголемиот пазар на електрични автомобили во Германија

Германија има неверојатен раст од 70% со продажбата на електрични автомобили во првиот квартал од 2018. Тоа е еднакво на 17.547 продадени електрични возила,
и плаг-ин хибриди. Тоа значи дека Германија е на прво место под која следуваат Норвешка, Велика Британија, Франција и Шведска.

Германските производители на возила Volkswagen и Daimler дури започнале и производство на батерии за електрични возила со цел да бидат што појака конкуренција на Tesla. Тие исто така ја менуваат и опремата на своите линии за монтажа, за да одговорат на строгите европски прописи за мотори со внатрешно согорување.

На ниво на цел Европа, продажбата на електричните возила се зголемила за 41%, додека кај дизел возилата е забележан пад од 17%.