Големиот пад на вредноста на криптовалутите во 2018-та година ќе ја одбележи својата најлоша недела.
Биткоинот се приближува до чекор од 4.000 долари, при што повеќето од другите дигитални валути поевтинија во петокот. Со падот на „Bloomberg Galaxy Crypto Index“ од 16-ти па досега достигна 23 отсто. Ова е најлошото неделно опаѓање од крипто-манијата која добиваше интензитет во почетокот на јануари.
По епското рели на валутата од крајот на минатата година, што ги надминa многу од најпознатите балони во историјата, дигиталните пари загубија од пазарната капитализација близу 700 милијарди долари, но уште нема знаци за смирување на ситуацијата, посочува „Bloomberg“.
Голем дел од грижите што го предизвикаа колапсот во 2018-та година се зголемија оваа недела. И покрај тоа што загубите надминуваат 70% од капитализација на повеќето виртуелни валути, Стивен Инес од „Oanda“ очекува докази за капитулација, кои ќе сигнализираат за постигнување на пазарното дно.
Според зборовите на експертот во неговото најдобро сценарио биткоинот ќе се тргува меѓу 3.500 и 6.500 долари во краток рок, но има потенцијал цената да се намали до 2.500 долари до јануари.
Биткоинот објави загуба од 7,6% во петокот пред да ги закрепне некои од загубите. До 16:15 часот според македонско време валутата се тргуваше по цена од 4.270,01 долари, што е пад од над 4%.
Конкурентските етер, рипл и лајткоин исто така забележаа пад на вредноста од соодветно 6,6%, 5,4% и 4%, според податоците на „Coindesk“.
Според „CoinMarketCap.com“ пазарната капитализација на следените од сајтот валути потонала до 140 милијарди долари од околу 835 милијарди во јануари.
Главните причини за падот – натрупувањето на единечни индивидуални инвеститори, токму кога цените го достигнаа својот максимум, и претставуањето на резултатите на компании како „Nvidia“, која го снабдува екосистемот на криптовалутите. Производителот на чипови со седиште во Калифорнија загуби речиси половина од својата вредност од почетокот на октомври, бидејќи побарувачката на неговите чипови за „копање“ на криптовалути се намали значително, а резултатите од делот за игри претстави разочарувачки резултати.
Економското влијание од падот на криптовалутите се уште е ограничен, најмногу затоа што повеќето големи банки и институционални финансиски менаџери речиси немаат став кон виртуелните валути.
За повеќето инвеститори, неодамнешните намалувања на берзите се многу поважни. За споредба падот кај криптовалутите е од 700 милијарди долари од јануари во однос на 1,3 илјади милијарди долари што ја изгуби пазарната вредност само во оваа недела.