Мозаик 15.01.2019 11:05

Во врската сериозно влијание може да има висината на платата

Во врската сериозно влијание може да има висината на платата

Парите не може да ви купат среќа, но може да влијаат на неа.

Истражување спроведено на Универзитетот Корнел покажа дека двојките кои заработуваат од прилика исто имаат постабилна врска, посреќни се и имаат поголеми шанси да завршат во брак.

Патрик Ишизука, автор на ова истражување, вели дека еднаквоста поттикнува стабилност и дека еднаквоста на мажот и жената во економски аспект може да ја направи љубовната врска посилна и подобра.

Исто така, има теорија дека двојките кои заработуваат приближно иста сума на пари почесто се одлучуваат за брак бидејќи знаат дека во заедницата влегуваат приходи од двете страни и никој никого нема да влече, ниту пак да турка.

Иако по стапувањето во брак имотот е заеднички, истражувањата покажале дека партнерите се чувствуваат подобро кога и двајцата придонесуваат приближно еднакво и послободно се чувствуваат во трошењето и распределбата на средствата и имотот.