Практично секој голем град во светот има свои „туристички“ делови, но постојат и населени места кои навистина се потпираат на туризмот, за да ја стимулираат економијата.
Постојат многу градови кои се популарни меѓу туристите. На пример, Бангкок во Тајланд е меѓу најпосетуваните места во светот од луѓе кои сакаат авантура.
Сепак, Канкун, Мексико, е најголемата туристичка дестинација, кога станува збор за бруто домашниот производ, објави „Lonely Planet“.
Според извештајот на Светскиот совет за туризам и патувања (WTTC), објавен во октомври, туризмот претставува речиси половина – приближно 49.6% од БДП-то на градот.
На листата следат Маракеш, Мороко, со 30.2% удел од БДП-та од туристичката индустрија, Макао, Кина (29.3%), Орландо, Флорида (18.7%), Анталија, Турција (17,6%) и Дубровник, Хрватска (17,4%).
Анализата на „WTTC“, исто така, покажува дека посетата на градовите веќе сочинува 45% од глобалните меѓународни патувања.
Всушност, во текот на последната деценија, патниците се повеќе се движат кон нови урбани дестинации, кои, според „WTTC“, се должи на „растечката поврзаност и богатите културни вредности“, посочува „T + L“.
Организацијата предвидува дека Пекинг и Париз ќе останат втората и третата по големина градска дестинација во 2027-ма година, иако Париз ќе биде на половина помалку од Шангај.
Овој извештај е во согласност со друг извештај подготвен од „Euromonitor International“, според кој Кина ќе ја замени Франција како најпопуларна дестинација во светот.