Економија 28.01.2019 15:44

Најпознатата кула во Њујорк Chrysler building се најде на пазарот на недвижнини

Најпознатата кула во Њујорк Chrysler building се најде на пазарот на недвижнини

Најпознатата кула во Њујорк, а можеби и во целиот свет, Chrysler building, од неодамна се најде на пазарот на недвижнини, пишува Wall Street Journal.

Познатиот објект во арт деко стил, по проект на американскиот архитект Вилија Ван Ален, е поставен на пазарот од страна на агенцијата за недвижнини, којашто јавно не ја соопшти цената на објектот.

Од 2008 година, оваа позната кула е во сопственост на инвестиционен фонд од Абу Даби, којшто ја купи за 800 милиони долари.

Некои експерти сметаа дека најидеално би било зградата на Крајслер да се адаптира во станбен објект.Ова архитектонско издание е изградено во период меѓу 1928 и 1930 година.

Најнови вести