Понекогаш, зборовите не се доволни за да се изрази љубовта, но постојат и зборови кои многу точно го пренесуваат тоа што го чувствуваме.
Mamihlapinatapai (Yaghan) – гледање еден во друг со надеж дека другата личност ќе понуди нешто што и двете страни го сакаат.
Saudade (португалски) – меланхолична носталгија за некој или нешто од минатото.
Tuqburni (арапски) – буквален превод на „ти ме убиваш“, што значи дека љубовта е толку силна дека не можете да живеете без таа личност.
Bakku-shan (јапонски) – девојка која е атрактивна кога ја гледате од позади.
Forelsket (норвешки) – еуфорично чувство кое го искусувате кога прв пат се заљубувате.
Cafuné (португалски) – кога минувате со прстите низ косата на оној кој го сакате.
Onsra (индиски) – чувството да сакаш некого за последен пат, односно кога знаеме дека љубовта нема да трае.
La douleur exquise (француски) – болката која ја чувствуваме кога сакаме некој кој не можеме да го имаме.
Buksvåger (шведски) – како ја нарекувате личноста со која сте имале секс, откако сте имале секс со неа.
Retrouvailles (француски) – чувството кое го имаме, односно среќата кога повторно ќе видиме личност која долго ни недостигала.
Razbliuto (руски) – чувството кое го имате кон личност која порано сте ја сакале, но веќе не.
Viraag (хинди) – емоционалната болка која ја имаме кога сме одвоени од саканата личност.