Живот 24.09.2018 10:51

Намалувањето на магнезиумот предизвикува аритмија

Намалувањето на магнезиумот предизвикува аритмија

Ако загубата на електролити е премногу голема, тоа може да предизвика нарушување на нормалната работа на срцето и висок крвен притисок. Недостатокот на магнезиум може да предизвика срцева аритмија.

Со зголемено потење за време на вежбањето губиме вода и електролити, кој вклучува и магнезиум, кој го губиме и до 20 %, па затоа е важно да се надомести. Ако загубата на електролитите е преголема, тоа може да предизвика нарушување на нормалната работа на срцето и висок крвен притисок. Недостатокот на магнезиумот може да предизвика слабост, гадење, тремор, напади и срцева аритмија.
Ако правите редовна и умерена физичка активност, се препорачува да ги воведете редовно во исхраната. Дополнување на магнезиумот се препорачува за спортисти, но во форма на мултивитамински препарати може да го внесе и рекреативен спортист.
Бидејќи, мускулите се движат за време на вежбање, калиумот во нив постепено се губи. Тој нѝ е потребен за правилно да се ослободи енергијата, отчукувањата на срцето и движењето на сварената храна. Во организам никогаш не се зема самостојно, без контрола на лекар, па затоа е најбезбедно да се надомести со храна. Добри извори на калиум се сок од домати, банана, посно месо, зеленчук и мешунки. И цинк, кој е складиран во мускулите и коските, се губи преку потење, па затоа е важно да се јадат џигер, црвено месо, јајца, грав и мешунки.

Со витамин Ц не претерувајате

На активните лица им се препорачува доза на витамин Ц, дури и до 1000 mg, а витаминот Е се пие во дози од 400 IU. Витаминот Ц е моќен антиоксидант кој со витаминот Е го поддржува имунолошкиот систем. Витаминот Ц се раствора во вода, вишокот се излачува преку потење или мокрење, па затоа не треба да се плашиме дека ќе претераме со неговиот внес, вели нутриционистот Мариќ Булат.