Живот 20.08.2018 12:50

Утринска детоксикација со овие три фантастични чаеви

Утринска детоксикација со овие три фантастични чаеви

Иако секој од нас има различни утрински рутини, речиси сите сакаме да го започнеме денот со ароматични и вкусни напитоци.

Додека некој смета дека не може да се разбуди без кафе, некои повеќе сакаат какао или пак вкусен и здрав чај. Чајот е една навистина здрава опција која не само што ќе му годи на вашето тело и кожата, туку и ќе ви ја даде и потребната енергија за денот.

Денеска издвојуваме три фантастични чаеви за утринска детоксикација на организмот и за вистинско уживање во првите минути од денот.

Чај со цимет

ci1

Циметот е вториот најмоќен антиоксиданс на светот. Помага во намалувањето на тежината, како и ги топи масните наслаги. Тој е одличен зачин и вкусен додаток во чаевите.

Рецепт:

– Зелен чај

– Една лажица цимет

– Сок од лимон

– Мед

Чај со ѓумбир

ginger_tea

Овој чај е одличен избор ако чувствувате мачнини и имате проблеми со желудникот, но исто така, ќе ви даде енергија и ќе ви го ревитализира целото тело. Ги смирува болките, го регулира нивото на шеќер во крвта поради што е одлична замена за кофеинот што ви е потребен наутро.

Рецепт:

– Зелен чај

– Сок од лимон

– Една лажичка ѓумбир

– Мед

Чај со куркума

ginger-and-turmeric-tea

Совршен за сјајна кожа, ја подобрува функцијата на црниот дроб и намалува било какви воспалувања.

Рецепт:

– ¼ лажица куркума

– 1 лажичка ѓумбир во прав

– Две шолји вода

– Една супена лажица мед