Трагично е што државата е управувана од група на луѓе коишто се уште за себе мислат дека се државотворци. Трагично е што за себе мислат дека се влада и дека Зоран Заев владее во име на граѓаните. На понудата од Заев и од СДСМ за поддршка на изборите за иден претседател на државата пристигнала само една понуда, една кандидатура. Замислете само една кандидатура за поддршка од Заев и од СДС за следните претседателски избори, изјави денеска портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски кој додаде:
„Само еден човек, амбасадор, со сета чесност, поверувал во лагите испорачани од овој антидржавен центар зад мене. И сега и него ќе го извисат, ќе му стават петно, тој ќе извиси заради заевизмот. Ќе мора да извиси, како што ќе извисат и членството, и симпатизерите и неколкумина чесни во партиските тела на СДС. Наместо избор на кандидат за Претседател на државата, Артан Груби и Миле Зечевиќ прават избор на кандидат за лепење на пропаднатата владина коалиција. Прават избор за спас на Заевизмот!“
Стоилковски потенцира дека бараат и веројатно ќе изнајдат некој поддржувач на заевизмот, ќе го поттурат како кандидат, но не за Претседател на Република Македонија, туку за заштитник на заевизмот, заштитник на криминални тендери, заштитник на антидржавни и противуставни закони и заштитник на пропаднатата владина коалиција.
Заевистите знаат, пропаднатиот оглас покажува, тоа што сега го прават докажува- демократија со Заев не постои! Граѓаните, интелектуалците бегаат од СДС, се тргаат од штетните политики на власта, не сакаат да бидат нивен дел, дел од урнисувањето на државата. Едноставно е – зад себе не сакаат луѓе без образ, без збор, без срам, без чест! Залудно Заев и Заевистите бегаат од избори! Тие повеќе не претставуваат никого подалеку од својата криминогена, непотистичка, антидржавна, тендер- коалиција! Тие се веќе поразени и го знаат тоа. Овие избори се избори за Македонија, овие избори се избори за честитост и за чесност. Гордана Силјановска Давкова е следниот претседател, а честита Македонија е победник, подвлекува Стоилковски.