Живот 24.12.2018 18:56

Напиток од здрави намирници за топење на вишокот килограми

Напиток од здрави намирници за топење на вишокот килограми

Комбинацијата од здрава исхрана, редовни физички активности и спортување и добар сон е добитен рецепт за одличен физички изглед и убава фигура.

Но, понекогаш се потребни помошници, кои ќе го олеснат процесот на слабеење. Најдобро е да бидат природни извори, како билки, зачини, овошје.

Денес го споделуваме рецептот за еден моќен еликсир за слабеење, кој содржи само природни состојки и сите тие, докажано имаат ефект за слабеење.

На пример ѓумбирот, циметот, лимонот и оцет помагаат за подобрување на метаболизмот, контролата на шеќерот во крвта.

Медот дава енергија, повторно се препорачува кај диети, а магданосот о елиминира вишокот течности од организмот. Еве што ви е потребно за елексирот и како да го приготвите.

Потребни состојки:
2 лажици сецкан магдонос
250 милилитри вода
малку цимет
лажичка оцет
лажичка мед
лажичка ѓумбир
сокот од еден лимон

Начин на приготвување:
Ставете ја водата да зоврие, а потоа додадете го магдоносот. Оставете го да се вари 1-2 минути, а потоа тргнете од топлина и оставете да се излади.

Прецедете и додадете ги останатите состојки. Пијте го овој пијалок секоја вечер пред спиење, во рок од две недели, по што ќе направите пауза од три дена.

Ако се чувствувате добро може да направите втора тура со пијалокот.

Најнови вести