Живот 21.05.2018 10:20

Вежбањето наутро може да ви помогне да бидете пофокусирани и попродуктивни во текот на работното време

Вежбањето наутро може да ви помогне да бидете пофокусирани и попродуктивни во текот на работното време

Повеќето луѓе наутро имаат свој ритуал. Исто така, поголемиот дел од нас сакаат што подолго да спијат. Но, сепак постојат бројни и докажани бенефиции од утринското вежбање.
Наместо веднаш по будењето да размислувате за обврските, да читате мејлови и слично излезете надвор. Со трчањето ќе се ослободите од стресот, ќе се разбудите и во текот на денот ќе бидете помалку нервозни и уморни, но и помотивирани за работа. Физичката активност позитивно влијае и на телото и на умот. Така, со утринското трчање ќе бидете пофокусирани и полесно ќе доаѓате до идеи. Можеби, решение на некој проблем ќе најдете токму за време на трчањето. Исто така, трчањето ве прави попродуктивни, затоа што додека да стигнете на работа, веќе сте ја осмислиле листата на работни обврски. Вака, опасноста од одложување на обврските е сведена на минимум.