Актуелно 30.12.2018 16:18

Насилство владее низ цела Македонија: Билтенот преполн со тепачки и напади, граѓаните жртви на насилници

Насилство владее низ цела Македонија: Билтенот преполн со тепачки и напади, граѓаните жртви на насилници

Само во последниве два дена, се забележани голем број на физички напади. Насилство владее на улиците ширум Македонија.

На 30.12.2018 година во 00,30 часот во СВР-Скопје Ж.К.(49) од Скопје, пријавил дека на булеварот “Јане Сандански“ во угостителски објект бил физички нападнат од страна на непознато лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 29.12.2018 година во 18:30 часот во СВР-Скопје Ф.Ф.(20) од Скопје вработен како келнер во гостилница на улицата „Мраморец“ пријавил дека истиот ден околу 01:15 часот, бил физички нападнат од страна на едно лице, гостин во објектот.

На 30.12.2018 година во 03,50 часот во Полициската станица Виница М.С.(18) од Виница пријавил дека истиот ден околу 01,00 часот во кафе бар лоциран на улицата “Маршал Тито“ бил физички нападнат од А.К. од Виница, а потоа и од Г.Н. од Виница.

На 30.12.2018 година во 02,20 часот Полициската станица Неготино Т.Н.(23) од Неготино пријавил дека во ноќен бар лоциран на улицата “Ацо Аџиилов“ бил физички нападнат од страна на Г.С.(22) од с.Тимјаник и бил удрен со стаклено шише. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

На 30.12.2018 година во 02,00 часот во Полициската станица Прилеп Г.Д.(43) од Прилеп пријавил дека на 29.12.2018 година околу 23,45 часот пред ноќен клуб неговиот 16 годишен син бил физички нападнат од страна на И.В. од Прилеп и уште едно лице.

На 30.12.2018 година во 02,40 часот во СВР-Скопје И.М.(43) од с.Волково-скопско пријавил дека истиот ден околу 02,10 часот на улицата “Лука Геров“ бил физички нападнат од страна на три  лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 30.12.2018 година во 02,45 часот во Полициската станица Кавадарци И.М.(19) од Кавадарци пријавил дека истиот ден околу 00,50 часот во кафе бар бил физички нападнат од страна на лицето З.И. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

На 29.12.2018 во 22,15 часот во Полициската станица Центар, М.П.(19) од Скопје  пријавил дека истиот ден  околу  21,20 часот на улицата „Коста Шахов“ пред кафе бар четири лица физички го нападнале и му го одзеле телефонот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 30.12.2018 година во 02,40 часот во СВР-Скопје М.М.(26) од Куманово пријавил дека истиот ден околу 00,40 часот на улицата “Дрезденска“ бил физички нападнат од страна на неколку лица. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот