Ако сакате да ја разберете машката сексуалност, треба да научите да ги препознавате машките секс сигнали и нивото значење.
Сексот е прозорец во неговата емоционална состојба
Голем број жени претпоставуваат дека мажите имаат биолошки потреби кои едноставно треба да бидат задоволени и тоа им е целата мотивација за секс. Мажите често сметаат дека е во ред да се искажат сексуално наместо емоционално, па токму затоа тие проектираат најразлични емоции во сексуалниот чин, без воопшто да се свесни за тоа. На пример, ако вашиот маж се чувствува немоќно во врската, по губењето на работното место, ќе забележите дека станува сексуално поагресивен. Разговарајте со него за подобро да разберете што се случува.
Побарајте и ќе добиете
Жените најчесто не се свесни дека нивните мажи се чувствуваат ограничено, поради напорот да ги задоволат партнерките и следствено на тоа не можат да се опуштат во целост, во текот на сексуалниот чин. Уште поважно, жените не знаат дека мажите сакаат да добиваат инструкции. Со инструкциите се решаваат два проблема одеднаш – жената го добива точно тоа што го сака, а мажот ќе може да го намали стресот и да се опушти.
Потребата од повеќе секс можеби е сигнал за потреба од интимност
Настојувањето за секс може да биде од емоционална, не само од физичка природа. Ако одеднаш вашиот маж почне да бара да имате секс секоја вечер, тоа не мроа да значи дека само е запален, туку од страв дека се губи блискоста помеѓу вас. Мора да направите да се чувствува посакуван, секогаш кога не сте заедно (испраќајте му пораки или сл.) или да го изненадувате од време на време со нешто необично што знаете дека ќе му се допадне.
Изневерувањето не значи дека не ве сака
Можеби сметате дека вашиот маж ја обожава почвата на која газите и поради тоа не постојат никакви шанси да ве изневери. Но, статистиката покажува нешто сосема поинакво. Мажите најчесто не изневеруваат затоа што нешто не е во ред со нивната партнерка, туку поради сопствените потреби, како што се пофалба, потребата да се чувствуваат секси или некој друг да им каже дека се добри во кревет. За да бидете сигурни дека нема да ве изневери треба да ја одржите блискоста и да се погрижите во врската да не ви се појават пораки на Фејсбук со поранешните партнери и пријатели, односно пријателки.