Оса која има огромна игла од каде што го истискува отровот е пронајдена во прашумите во Амазон, пишува Дејли мејл.
Научниците во Амазон пронашле нов вид оса која изгледа застрашувачки. Освен што поседуваат огромна игла, нивниот силен отров може да ја парализира жртвата, пред осата да вметне јајце во внатрешноста на телото.
-Новиот вид кој е наречен clistopyga crassicaudata е паразитски вид кој не само што има долга игла, туку е и многу поголема од останатите видови, пишува во текстот објавен во Зутакс магазин.
Меѓународниот тим на научници вели дека овој необичен вид може да се најде меѓу Андите и на подножјето на прашумите во Амазон.
-Веќе подолго време ги проучуваме тропските паразитски оси и никога немам видено нешто што личи на ова, истакна професорот Илари Саеаексјаерв од Унивеерзитетот Турк.
Паразитските оси ги положуваат јајцата во внатрешноста на пајаци, а со иглата истискува отров во телото на жртвата. Отровот ја парализира жртвата. Ларвата потоа го јаде пајакот и сите достапни пајакови јајца. Сите женски оси имаат или со отров. Органот со кој ги положуваат јајцата функционира исто како игла, долг и погоден за достигнување до животните кои, на пример, живеат во внатрешноста на стеблата.
-Не знаеме сигурно кои видови на пајак повеќе ги сакаат, вели професорот, додавајќи дека иглата изгледа како софистицирано оружје.