Финансии 23.07.2024 10:44

Навремено и точно плаќање данок, заедничка цел на УЈП и сметководителите

Навремено и точно плаќање данок, заедничка цел на УЈП и сметководителите

Директорката на Управата за јавни приходи Елена Петрова во текот на вчерашниот ден оствари две одделни работни средби со претставници на сметководителите од Институтот на сметководители и овластени сметководители на Македонија (ИСОС) и Комора на сметководители на Македонија (CAM).

Во рамки на средбите една од главните теми беше деа навремено поднесување на ДДВ пријавите во законскиот рок, но и точното пријавување без дополнителни исправки на пријавите, како и плаќањето на точен износ на данок во законскиот рок е заеднички предизвик и за Управата за јавни приходи и за самите сметководители односно компании. Ова се најважните компоненти за даночниот рејтинг на една компанија се согласија сите и во таа насока разговараа и за предлогот на компаниите за објавување “бела листа” на даночни обврзници, за што директорката истакна дека Управата за јавни приходи во следниот период ќе најде можност да го обелоденува даночниот рејтинг и да ги промовира позитивните примери за одговорно даночно однесување.

Се истакна и тоа дека услугите на сметководителите кон нивните клиенти, во најголем дел се поврзани и зависат од процесите во Управата за јавни приходи, и сметководителите очекуваат од УЈП да добиваат конзистентни пристапи, унифицирани пракси, навремени услуги, соработка во регулацијата на овластувањата за поднесување даночни пријави и биланси и сл.

Состаноците завршија со заклучоци за формализирање на соработката меѓу УЈП и овие здр на сметководителите во претстојниот период. На овој начин првенствено УЈП ќе стекне сигурност дека даночните обврзници добиваат кредибилни совети и услуги од сметководителите за точно исполнување на даночните обврски.

Воедно, УЈП ќе има партнер при имплементирањето на одржливи дигитални услуги според практичните потреби и можности на директните корисници.

Поврзани вести

Нема поврзани вести

Останати вести од Финансии

Министерството за финансии денеска од централниот Буџет до Рзвојната банка ја префрли првата транша од 10,4 милиони евра средства наменети за поддршка на домашните компании. Трансферот беше реализиран по доставено барање на Развојната банка за повлекување на средствата, а по одобрување на проектите од страна на деловните банки. Имено, во Буџетот за 2025 година се планирани 250 милиони евра средства за поддршка на домашните компании со кои ќе се поттикне реализација на нов инвестициски циклус во приватниот сектор, којшто ќе влијае на поттикнување на економската активност. „Очекуваме компаниите да ги препознаат поволните услови кои ги обезбедивме со оваа кредитна линија и планираните средства да се искористат во целост. Тоа ќе биде силен поттик на домашната економија и поддршка особено имајќи ги предвид понеповолните услови во глобални рамки“, напиша министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска на својот ФБ профил. Таа додава дека Министерството за финансии и Владата остануваат посветени партнери на бизнис секторот.