Мозаик 04.06.2018 11:40

Не работете прекувремено

Не работете прекувремено

Работата која трае повеќе од 8 часа дневно може да го зголеми ризикот од срцеви заболувања за дури 80 проценти, покажува најновата масовна студија. Истражувачите тврдат дека повеќесатната прекувремена работа може да предизвика срцев удар или мозочен удар.

 

Ова предупредување доаѓа од 12 студии кои потекнуваат уште од далечната 1958 година, а вкупно се испитани 22,000 луѓе ширум светот. Анализата е направена од научници на Финскиот институт за здравје и вели дека шансите за срцево заболување се зголемуваат од 40 посто до 80 посто.

 

Една од причините за тоа тие ја гледаат во долгата изложеност на стрес, додека другата е лошата исхрана за време на паузите. Исто така, истиот тим на научници пред 3 години откри дека и прекувремената работа го зголемува ризикот од деменција во понатамошниот живот. Ефектот е сличен како тој што го предизвикува пушењето.

 

Многу работници се принудени да работат прекувремено за да ја задржат својата работа, а не се дополнително платени за истите. Психолошкиот стрес, притисокот и другите оптеретувања може да го зголемат нивото на стрес и да доведат до нездрава исхрана и помалку физички активности, поради недостаток на време.