Актуелно 27.08.2018 10:10

Не успеа референдумот за антикорупциските мерки во Колумбија

Не успеа референдумот за антикорупциските мерки во Колумбија

Референдумот во Колумбија за седум антикорупциски мерки денеска пропадна, иако секоја од тие мерки доби поддршка од 99 отсто од гласачите.

Референдумот не успеа бидејќи не излегоа доволен број гласачи, а за резултатот да биде признаен потребно беше да гласаат 12,1 милиони граѓани, а само 11,6 милиони луѓе излегоа на гласање, што е помалку од една третина од вкупниот број гласачи.

Во Колумбија право на глас имаат 36,5 милиони луѓе.

На референдумот беа поставени и прашања за намалување на платите на пратениците, за ограничување на јавните мандати, за забрана за спроведување на казна куќен притвор за корупција.

Последните години во Колумбија корупцијата е една од жешките теми.

(Миа)