Мозаик 04.11.2018 18:50

Во потрага по храна и живот: Егзодусот од Венецуела ја чини Колумбија 1 милијарда долари

Во потрага по храна и живот: Егзодусот од Венецуела ја чини Колумбија 1 милијарда долари

Егзодусот на нови мигранти од Венецуела кон Колумбија, кои бегаат од економската и хуманитарна криза ќе чини повеќе од една милијарда долари, според проценките на Светските банки. Колумбија ќе биде приморана да вложи значителни инвестиции во областите како здравство и образование, со цел да се справи со приливот на повеќе милиони мигранти со потекло од Венецуела, се вели во извештајот на аналитичарите на банките објавен во петокот.

Анализата покажа дека доколку миграцијата  трае подолго, може да придонесе и за економскиот раст на Колумбија, бидејќи новите приходи ја зголемуваат потрошувачката, што доведува до поголеми даночни приходи. Обединетите нации проценија дека од 2015 година околу два милиони жители на Венецуела ја напуштиле државата во потрага по подобар живот, а поради недостигот на храна, лекови и основни средства за живот.