Економија 29.06.2018 14:59

Неколку совети за дигитален маркетинг што ваша конкуреција веројатно не ги знае

Неколку совети за дигитален маркетинг што ваша конкуреција веројатно не ги знае

За малите бизниси, сосема е лесно да се почуствувате како да не можете да ја стигнете конкуренцијата. Сепак, вие не сте голема компанија што моѓе да си дозволи платена армија дигитални маркетери да трчаат и секогаш да се во тек со последните трендови. Сепак, тоа не значи дека не можете да сте армија од еден човек.

Орижјето е вашето знаење. Има различни видови оружје кои може да ве одведат до успех.

 

Јајца во голем број кошници 

 

Ова е грешка која многу сопственици ја прават – пробуваат да направат се одеднаш. Сетираат 10 акунти на социјалните медиуми, сетираат ППЦ кампања, ригорозен распоред за блогови за тема која веројатно не е ни истражена. Најлошото е што веројатно, не сте ги користеле ни половина од овие платформи во минатото нели?

Звучи познато?

Ако е така, тогаш застанете! Најлошата грешка за нов бизнис е да се обиде да менаџира премногу акаунти на социјалните мрежи одеднаш. Лекцијата е – помалку е повеќе! На почетокот – фокусот и конзистентноста се ваши примарни цели!

Фокус: доколу лансирате неколку кампањи одеднаш, не само што ќе бидете преплавени, туку ќе имате и проблем да одредите кои од нив се успешни.

Конситентност: Ова е клучот да се одлепите од земја

Доколку сте на почетокот со својот бизнис, ваша задача е да си го одредите местото на социјалните медиуми. Ова значи на почетокот мора да сте фокусирани само на неколку платформи на кои се чуствувате комотно.

После некое време, може да направите проценка колку интеракции во интерес на вашиот бизнис сте предизвикале. На пример, доколку на инстаграм не добивате реакции, тогаш префрлете се на онаа платформа која што навистина ви дава резултати!

Лекцијата е: Не си го губете времето на платформа која едноставно ја нема вашата целна група! Дознајте каде е вашата целна група и постирајте конзистентно на тие платформи за да изградите лојална публика.

 

     

Инфлуенсер маркетинг

Ова е реалитвно нов правец во полето на дигиталниот маркетинг. Всушност, поголемиот дел од вашата конкуренција веројатно никогаш не слушнала за тоа! А оние кои слушнале, веројатно погрешно разбрале. Сепак, овој тренд, доколку правилно се менаџира може да даде добри резултати. Што е тоа всушност?  Кажано со едноставни зборови, наместо да се рекламирате директно кон вашата целна публика, плаќате или инспирирате влијателни луѓе во вашата ниче група за да го пршират за вас добриот збор. Тоа е една од најсилните препораки. Едно истражување на Колектив Бајас покажа дека 30% од консументите веројатно полесно купуваат производ кој е препорачан од блогер кој не е славен.

Овој тип маркетинг најголеми резултати дава на групата милениалс, со оглед на тоа дека 70% од купувачите се под влијание на препораки на нивните пријатели во процесот на носење одлуки.

Што погрешно прават бизнисите при ваквото маркетирање? Многу мали бизниси сеуште мислат дека со многу блогирање и вметнување линкови ќе успеат да да го зголемат SEO и посетеноста.

Ова беше точно порано, но не повеќе. Малите бизниси овие денови мора внимателно да управуваат со гостинско блогирање и позадински линкови бидејќи Гугл кракна на оваа пракса наеколкупати во минатото. Гугл им дава пенал на вебсајтовите кои ја злоупотребуваат оваа пракса, а тоа навистина не го сакате!

Тоа не значи дека гостинското блогирање е лоша пракса. Далеку од тоа! Сепак, не треба да биде спам. Наместо тоа, треба да се прави до главни цели во умот кои се:

 

Не ги потценувајте е-мејл листите 

 

Е-мејл листите се веројатно едно од највредните и најреспонзивните алатки кои можете да ги имате.

Вредни – CRM софтверската комапнија тврди дека купувачите кои купуваат продукти преку е-мејл трошат 138%  повеќе!

Респонзивност – според Квик Поинт, за е-мејл сабскрајберите три пати е поголема веројатноста да споделуваат на социјалните мрежи.

За разлика од социјалните медиуми, вие сте сопственик на е-мејл листата! Верувале или не, многумина од вашата конкуренција воопшто и не размислуваат за е-мејл листа.

 

Правилото 80-20 за содржина

 

Правилото 80 – 20 значи дека 80% од вашиот успех доаѓа од 20% од вашиот напор. Ова правило е апликабилно скоро на се, вклучувајќи ја и вашата содржина. Содрѓината која ја споделувате може да е креирана на многу различни медиуми, на пример: видеа. вебинари, блогови, инфографици и тн.

Како се применува правилото 80 – 20 ?

Наједноставно кажано, 80% од вашата содрѓина треба да комунициа ВРЕДНОСТ, а 20% треба да е фокусирано на промоции. Содржинити кои имаат вредностзначи дека таа содржина е автентична, свежа, навремена, релевантна и решава вистински проблеми на таргетираната публика.  Успехот доаѓа од 20% од вашите напори, но оние 80% се и текако потребни за го придвижат! Премногу мали бизниси тоа го прават обратно, односно 80% од нивните блогови се продаѓни содржини, а само 20% содрѓат навистина вредни информации!  Други бенефити од одржување блог се: добивате потаргетирани посети, додава хуман елемент на вашиот бренд и помага во изградбата на доверба и лојалност на вашите купувачи, кост ефективен е и е едноставен да се направи.