Актуелно 27.12.2018 18:53

Нема да се зголемат цените на патарините во Грција

Нема да се зголемат цените на патарините во Грција

Најавеното покачување на цените на патарините на автопатот „Игнација“ од 1 јануари нема да стапи во сила бидејќи се уште не постои одобрение од Европска комисија, изјави директорот на „Игнација“,Апостолос Антонудис.

ЕК се уште не ја одобрила заедничката министерска одлука потпишана летово од министрите за финансии и транспорт на Грција за покачување на цените на автопатот во Северна Грција што ги поврзува Еврос и Игуемница, поради што од 1 јануари 2019 година, цените остануваат исти.

Со одлуката на грчката Влада беше предвидено да се зголемат од 66 отсто до 150 отсто цените на патарините.