Финансии 31.08.2023 10:48

НЕМА ПОВЕЌЕ ПРЕДВРЕМЕНА ИСПЛАТА – ПЕНЗИИ ЌЕ ИМА СЕКОЈ ПРВИ ВО МЕСЕЦОТ

НЕМА ПОВЕЌЕ ПРЕДВРЕМЕНА ИСПЛАТА – ПЕНЗИИ ЌЕ ИМА СЕКОЈ ПРВИ ВО МЕСЕЦОТ

Пензиите за август ќе бидат достапни на први септември. Се враќа редовниот начин на исплата – секој први во месецот, информираат од Министерството за труд и социјална политика.

Со ова, заврши предвремената исплата на пензионерските примања која стана пракса по прогласувањето на пандемијата, согласно мерки за заштита од корона вирусот.

„За време на траење на пандемијата, во соработка со деловните банки, се вршеше предвремена етапна исплата на пензиите во четири групи, како дел од препораките и мерките за спречување и ширење на вирусот кај пензионерите како најранлива возрасна група, а со цел да се намали метежот пред банките и можностите за загрозување на личното и јавното здравје.

Поради завршувањето на пандемијата, деловните банки преку Македонската банкарска асоцијација (МБА) ја прекинуваат досегашната пракса за предвременото исплаќање на пензиите, со тоа што пензиите ќе се исплаќаат на 1-ви во месецот директно од Буџетот на државата“, се наведува во соопштението упатено до пензионерите.