Дел од таа промена ја направи и Јавното претпријатие за стопанисување со државните шуми „Македонски шуми“ и го промени своето име со ново кое гласи „Национални шуми“, со што целосно се брише зборот „македонски“ од оваа институција.
Но, освен „Македонски шуми“, своето име го промени и Акционерското друштво „Македонска информативна агенција“ во државна сопственост- Скопје, со ново име кое исто така се брише терминот „македонска“.
Новото име сега е Акционерско друштво „Национална информативна агенција“ во државна сопственост- Скопје.
Освен овие институции, владата задолжи вкупно 136 јавни институции кои во рок од 7 дена треба да го променат своето име.