Венко Филипче призна дека има партиски вработувања во здравството. Срамно и недозволиво е лекари и медицински персонал, кој треба да се грижи за животот и здравјето на граѓаните, наместо за својата стручност да се вработува заради партиската книшка. Обезбедување на квалитетен здравствен систем е обврска систем е обврска на државата и право на граѓаните загарантирано со устав. Никој, па ниту Филипче и СДСМ не смеат да си поигруваат со здравјето на граѓаните, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
-Филипче и СДСМ создадоа вистински хаос во здравството. СДСМ од позиција на опозиција создаде недовреба кон вакцините за ситни политички поени, а сега незнаат како да го решат хаосот кој сами го создадоа, стои во партиската реакција и се додава:
„Признанието на Филипче, дека не ја вакцинирал внуката од морбили која е премногу мала, но ја однел пред камери дека се вакцинира со цел медиумски да ги излаже граѓаните е уште еден доказ дека СДСМ си поигрува со здравјето на граѓаните. Филипче и СДСМ си поигруваат со граѓаните. Филипче и СДСМ мора да си заминат пред штетите врз здравствениот систем да бидат преголеми“.