Финансии 25.10.2024 12:45

Николоски: 6 нови авиолинии- Македонија директно ќе се поврзе со Дубаи, Барселона, Штутгарт, Лион, Базел и Истанбул

Николоски: 6 нови авиолинии- Македонија директно ќе се поврзе со Дубаи, Барселона, Штутгарт, Лион, Базел и Истанбул

Министерот за транспорт и врски Александар Николовски денес на прес-конференција соопшти дека се воведуват нови 6 дестинации од скопскиот и охридскиот аеродром. Летовите кои ќе се воведат од наредната година се кон Дубаи, Барселона, Штутгарт, Лион, Базел и Истанбул.

Четири од овие дестинации се на „Виз Ер“, една на „Флај Дубаи“ и д на „Туркиш Ерлајнс“.

Ресорниот министер соопшти дека се спрема и втор повик каде што се надева дека некаде во декември ќе може да презентира нови дестинации.

-Ова е прекрасна вест за македонските граѓани со кои им се овозможуваат поврзување со овие дестинации но исто така ќе донесе многу туристи за Македонија. Она што можам да го кажам дека сме во процес на подготовка на втор повик кој што треба да донесе нови дестинаци затоа о има интерес. За нови дестинации така кон крајот на декември ќе можам да презентирам нови дестинации. Во моментов состојбата е дека во летниот период на летање од скопскиот аеродром оперираат 47 дестинации, а од охридскиот 8, додека во зимскиот 38 од скопскиот и 4 од охридскиот. Со овие 4 плус од скопскиот и плус 2 од охридскиот ќе се зголеми бројот на летови и бројот на туристи и ќе се постигне целта во 2025 година да имаме плус 200 илјади патници, подвлекува Николоски.

 

Поврзани вести

Нема поврзани вести

Останати вести од Финансии

Министерството за финансии денеска од централниот Буџет до Рзвојната банка ја префрли првата транша од 10,4 милиони евра средства наменети за поддршка на домашните компании. Трансферот беше реализиран по доставено барање на Развојната банка за повлекување на средствата, а по одобрување на проектите од страна на деловните банки. Имено, во Буџетот за 2025 година се планирани 250 милиони евра средства за поддршка на домашните компании со кои ќе се поттикне реализација на нов инвестициски циклус во приватниот сектор, којшто ќе влијае на поттикнување на економската активност. „Очекуваме компаниите да ги препознаат поволните услови кои ги обезбедивме со оваа кредитна линија и планираните средства да се искористат во целост. Тоа ќе биде силен поттик на домашната економија и поддршка особено имајќи ги предвид понеповолните услови во глобални рамки“, напиша министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска на својот ФБ профил. Таа додава дека Министерството за финансии и Владата остануваат посветени партнери на бизнис секторот.