Актуелно 23.07.2018 12:48

Николоски: Фатени се живи дека крадат, и за тоа јавноста, медиумите и ВМРО-ДПМНЕ имаат голема заслуга

Николоски: Фатени се живи дека крадат, и за тоа јавноста, медиумите и ВМРО-ДПМНЕ имаат голема заслуга

Фатени се живи дека крадат, напиша потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски, на Фејсбук.

-Денешното стопирање на мега тендерот од фантастични баснословни 35 милиони евра, како и вчерашното „откажување“ на Кочо Анѓушев од парите што сам на себе требаше да си ги додели покажува две работи:
– Фатени се живи дека крадат! И за тоа јавноста, медиумите и ВМРО-ДПМНЕ имаат голема заслуга
– Тотална забеганост и себеубедување дека ако го сменат името ќе им биде дозволено од меѓународната заедница да прават што сакаат во Македонија, како компензација за промената на името да се изнакрадат!
Мислам дека погрешно ја разбрале пораката ниту меѓународната заедница, а уште помалку домашната јавност и ВМРО-ДПМНЕ ќе им дозволат мирно да си крадат, пишува Николоски и додава:

„И за крај едно помалку филозофско прашање – колку пари се доволни за на човек да му е доста? И Заев и Анѓушев се екстремно богати луѓе. Не разбирам што ќе им плус пари, што ќе прават со нив? Знаат ли за доста? Кога ќе се наситат? Веројатно одговорот е кога ќе застанат пред едно ново реформирано судство и обвинителство!“.