Финансии 25.10.2024 10:39

Николоски: Гасниот интерконектор може да го изградиме за две до три години и да станеме транспортна и енергетска крстосница

Николоски: Гасниот интерконектор може да го изградиме за две до три години и да станеме транспортна и енергетска крстосница

Тоа значи дека преку Македонија може да стигне најголем дел од гасот кој што ќе се користи во Централна Европа. И затоа треба да бидеме паменти, Македонија може да живее само од транзит на гас и транспорт преку железница“- изјави министерот Николоски.

Гасниот интерконектор со Грција и брзата пруга се проекти приоритет број еден бие Македонија може сериозно да се развива само од наплатата на транзит на гас и транспорт по брза пруга, истакна министерот Николоски во емисијата Клик Плус на ТВ 21.

Тој потенцира дека тендерот за изградба на интерконекторот е распишан пред една недела, роковите се кратки и веќе во месец ноември треба да стигнат понудите.

„Можеме за две до три години да го изградиме тој интерконектор. Ќе имаме гасно поврзување од Александрополус преку Солун, Гевгелија, Скопје се до Куманово, со што ќе ја намалиме зависноста од рускиот гас бидејќи сега гас стигнува смо од уаија чиј сопственик е Гаспром. Нудиме и чекор понатаму. Со Србија потпишавме меморандум за разбирање за изградба на интерконектор со Србија. Ние сме стигнати до границата, а тие до Ниш и треба да се спуштат надолу. Тоа значи дека преку Македонија може да стигне најголем дел од гасот кој што ќе се користи во Централна Европа. И затоа треба да бидеме паменти, Македонија може да живее само од транзит на гас и транспорт преку железница“- изјави министерот Николоски.

Во однос на проектот за изградба на 400 – киловолтниот далновод Охрид-Елбасан и поврзувањето с Албанија, министерот Николоски истакна дека се разгледуваат две опции со ЕБРД во насока на прекинување или реобјава на овој проект, но во двете опции, Владата е посветена во следните неколку години и тој да биде изграден.

https://youtu.be/GicJVc_OtYk

Поврзани вести

Нема поврзани вести

Останати вести од Финансии

Министерството за финансии денеска од централниот Буџет до Рзвојната банка ја префрли првата транша од 10,4 милиони евра средства наменети за поддршка на домашните компании. Трансферот беше реализиран по доставено барање на Развојната банка за повлекување на средствата, а по одобрување на проектите од страна на деловните банки. Имено, во Буџетот за 2025 година се планирани 250 милиони евра средства за поддршка на домашните компании со кои ќе се поттикне реализација на нов инвестициски циклус во приватниот сектор, којшто ќе влијае на поттикнување на економската активност. „Очекуваме компаниите да ги препознаат поволните услови кои ги обезбедивме со оваа кредитна линија и планираните средства да се искористат во целост. Тоа ќе биде силен поттик на домашната економија и поддршка особено имајќи ги предвид понеповолните услови во глобални рамки“, напиша министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска на својот ФБ профил. Таа додава дека Министерството за финансии и Владата остануваат посветени партнери на бизнис секторот.