Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски во интервју за Лидер истакна дека се стигнати насоки од НАТО до армијата, дека во кабинетот на Шеќеринска и во Генералштабот на армијата има лица кои се на исклучително високи позиции, а се соработници на надворешни странски служби.
Тој за меѓународната заедница истакна дека таа не навлегува во суштината на договорот, тие велат доколку грчката влада и македонската влада го потпишале Договорот од Преспа, веројатно се согласиле со него. Тоа што ние имаме ваква неспособна и капитулантска влада да потпише договор кој никој не би помислил ни да го преговара е проблем на владата не е проблем на меѓународната заедница.
На прашање на новинарот од Лидер, зошто ВМРО-ДПМНЕ не присуствуваше на подигнувањето на знамето на НАТО пред владата, Александар Николоски вели дека треба прво да се разјасни пред граѓаните дека земјава сеуште не е член на НАТО, а ќе стане член кога сите парламенти на сите 28 земји членки на НАТО ќе го ратификуваат Протоколот за членство, а тоа најрано би се случило пролета следната година.
Тој вели во овој период армијата треба да спроведе сериозни реформи и ексклузивно истакна дека се стигнати насоки до армијата дека во кабинетот на Шеќеринска и во Генералштабот на армијата за лица кои се на исклучително високи позиции, исто така и во военото разузнавање, кои што се соработници и на надворешни странски служби и истите мора да бидат отстранети за Македонија да биде кредибилен партнер, односно да не излегуваат информации надвор од НАТО.
Кога ќе се заврши овој процес тогаш ќе станеме членка на НАТО и тогаш ќе зборуваме за кревање знамиња, вели Николоски.