Финансии 25.10.2024 13:34

Николоски: Магистралниот пат Тетово-Призрен не се гради затоа што нема изработено проект, ниту е обезбедено финансирањето

Николоски: Магистралниот пат Тетово-Призрен не се гради затоа што нема изработено проект, ниту е обезбедено финансирањето

Министерот за транспорт и врски Александар Николоски денеска изјави дека магистралниот пат Тетово-Призрен од македонска страна не е изграден бидејќи нема изработено проект. За овој патен правец, како што посочи, идејата е да се изработи заеднички проект со Косово со кој потоа ќе се бараат финансиски средства и изведувач на градежн активности.

Претходната влада давала изјави, но не сработила ништо. Нема никаков проект. Потпишувани се меморандуми, но проект нема. Она што јас го направив заедно со директорот на Јавното претпрјатие за државни патишта е да стапиме во контакт со косовската Влада за заеднички да изработиме проект за проектирање на тој пат на кој исто така треба да има тунел. Врз основа на тоа потоа да се бара финансирање и да се бара изведувач. Во овој момент нема ниту проект ниту финансирање, ниту изведувач, а ДУИ го претставуваше како утре да ќе биде готов, рече Николвси, говарајќи на новинарски прашања по прес-конференцијата во Владата.

Поврзани вести

Нема поврзани вести

Останати вести од Финансии

Министерството за финансии денеска од централниот Буџет до Рзвојната банка ја префрли првата транша од 10,4 милиони евра средства наменети за поддршка на домашните компании. Трансферот беше реализиран по доставено барање на Развојната банка за повлекување на средствата, а по одобрување на проектите од страна на деловните банки. Имено, во Буџетот за 2025 година се планирани 250 милиони евра средства за поддршка на домашните компании со кои ќе се поттикне реализација на нов инвестициски циклус во приватниот сектор, којшто ќе влијае на поттикнување на економската активност. „Очекуваме компаниите да ги препознаат поволните услови кои ги обезбедивме со оваа кредитна линија и планираните средства да се искористат во целост. Тоа ќе биде силен поттик на домашната економија и поддршка особено имајќи ги предвид понеповолните услови во глобални рамки“, напиша министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска на својот ФБ профил. Таа додава дека Министерството за финансии и Владата остануваат посветени партнери на бизнис секторот.