Во рамки на работната посета на Вашингтон потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски оствари средби со Лук Кофи – директор за меѓународна политика на фондацијата Херитиџ, Метју Палмер – заменик помошник Секретар во Стејт Департментот, Пол Мекарти – директор за Европа во Меѓународниот Републикански Институт и Јан Ерик Суротчак – директор за трансатлански стратегии на Меѓународниот Републикански институт.
На сите средби Николоски ја нагласи потребата од суштински реформи во Македонија во делот на владеење на правото и борба со корупција, економски реформи, реформи на јавната администрација. Овие реформи се предуслов за почеток на преговори за членство во ЕУ како и забрзување на процесот на членството во НАТО.
Николоски исто така го нагласи високото ниво на корупција во Владата кое зазема се пошироки размери и побара да се испратат јасни сигнали до Владата да почне силна борба со корупцијата во своите редови. Предупреди на мешањето на Владата во судството и обвинителството и инструментализацијата на истите во политички цели.
Со своите соговорници се осврна и на актуелните Претседетелски избори како и барањето на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори.
Нагласи дека постои огромна загриженост за регуларноста на Претседетелските избори, притисоци и уцени на гласачи како и полнење на кутии. Побара да се испратат јасни пораки за потребата од одржување фер, демократски и компетитивни избори, како и да се испратат силни мониторинг мисии кои нема да го набљудуваат само изборниот ден, туку целиот предизборен процес.
На средбите со Фондацијата Херитиџ и Меѓународнит Републикански Институт стана збор и за соработката на ВМРО-ДПМНЕ со овие две престижни институции при што беше заклучено да се продлабочи соработката и да се работи на новите концепти и политики на ВМРО-ДПМНЕ.
Работната посета на Вашингтон ја покажува посветоноста на ВМРО-ДПМНЕ кон градење близок и партнерски однос со САД како стратешки партнер на Македонија.