-Со последните потези на двоецот Заев- Димитров и потпишувањето на срамниот тн Преспански договор за преименување на Македонците и промена на името на Република Македонија со уставни измени над сите нас надвиснува стравот дали е ова последниот Илинден што го дочекуваме како Република Македонија? Ќе биде ли ова некоја нова држава од следната година? Зашто според тн Преспански договор не само што се менува името туку се правата и низа други интервенции кои се катастрофални за Македонецот. Така според договорот терминот Македонец како и македонски јазик може да се однесува само на територијата на Република Македонија , што значи дека нема македонци надвор од Република Македонија и никој надвор од границите на државата не говори македонски јазик, пишува тој.
Николоски во колумната за „Независен“ пишува дека така стануваме единствена држава која нема малцинства нити свој малцински јазик говорен во соседните или други држави.
– Тоа сите сме свесни не соодвествува на реалноста, но соодвествува на големодржавните пропаганди кои цели два века се обидуваат да докажат дека нема македонци па соодветно неможе да има и македонска држава, и дека истата е вештачка творба. Тоа тврдење покрај што е навредливо има сериозна намера да го загрози постоењето на македонската држава. Зборовите кажани од Митрополит Теодосиј Гологанов еден од првите црковни дејци кој се бори за возобновување на Охридкста архиепископија и денес силно не потсетуваат што е суштината на се ова што се случува,Митрополитот меѓу другото вели : “ Ние си немаме толку мака од османлиите колку што си имаме од Грците, Србите и Бугарите кои како орли на мрша се нафрлија на оваа многострадална земја“, пишува Николоски.
Целата негова колумна, прочитајте ја во весникот „Независен“.