Јасни позиции за клучните државни прашања, способен и чесен се карактеристиките кои што треба да ги поседува кандидатот за пратседател на ВМРО-ДПМНЕ, смета потпретседателот на партијата Александар Николоски.
Најголемата опозициска партија утре во Струга ќе ја одржи конвенцијата за избор на претседателски кандидат за претстојните избори во април, а потпретседателот Николоски за „Лидер“ откри се што треба една личност да поседува за да биде достојна да биде избрана на утрешните внатрепартиски избори.
Тој кажа дека кај граѓаните постои огромно незадоволство од владеењето на актуелната власт, па затоа ВМРО-ДПМНЕ има предност.
– Во овој момент постои огромно незадоволство од начинот на кои владеат Заев, Димитров, Шекеринска и компанија. Исто така постои огромна разочараност помеѓу граѓаните заради промената на името и заради законот за двојазичност. – изјави Николоски, посочувајќи дека од една страна постои револт, а од друга несигурност кај некои луѓе за тоа дали ВМРО-ДПМНЕ може да ја понесе победата.
Силната партиска структура, сепак е столбот на партијата смета Николоски и додаде дека по исклучувањето на лицата кои и нанесоа штета на партијата, организацијата е зацврстена како никогаш досега.
– Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ може да победи и ќе победи на претседателските избори. Но тој кандидат мора да ги отсликува сите овие работи кои што ги кажувам, односно да биде способен да допре и до членовите на ВМРО-ДПМНЕ и до симпатизерите на ВМРО-ДПМНЕ, до поддржувачите на ВМРО-ДПМНЕ, тоа се различни категории, понатаму да допре до неопределените и до незадоволните од СДСМ, а во исто време да има чисти и јасни позиции по однос на несреќната територијална организација, која што се случи во 2004 година, по однос на Законот за јазици и по однос на прашањето за името. – заклучи Николоски.
Погледнете го целото интервју на Николоски, а за карактеристиките на претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ зборува од 11. минута: