Актуелно 14.03.2025 13:56

Николоски: Жалиме што Бугарија ги повлече предвидените средста, остануваме силно посветени на изградба на железничкиот Коридор 8

Николоски: Жалиме што Бугарија ги повлече предвидените средста, остануваме силно посветени на изградба на железничкиот Коридор 8

-Ќе продолжиме да ја подржуваме и во следниот период општина Ѓорче Петров, како и сите останати општини со сите наши ресурси затоа што треба да се развиваат општините и конечно граѓаните да добијат пристојни услови за живот, би ја искористил оваа можност, бедејќи добив бројни прашања од најголем дел од вас, во однос на информацијата која што вчера излезе во медиумите во Република Бугарија во однос на железничкиот дел од Коридор 8, да го кажам ставот, рече и додаде:

-Остануваме силно посветени на изградба на железничкиот Коридор 8. Во овој момент активно се работи на втората секција во должина од 34 мкилометри, која што оди од Бељаковце до градот Крива Паланка. Во месец јануари ја пуштивме првата секција од Куманово до Бењаковце и остануваме посветени на дијалог со Бугарија со цел на изнаоѓање на заеднички прифатливо техничко решение во однос на тунел кој што треба да ги спојува двете држави, изградба на третата секција затоа што сметаме дека Коридорот 8 е од исклучително значење не само за Македонија, туку за целиот регион и за цела Европа, тоа е НАТО Коридор, втор по значење Коридор за НАТО и нашата посветеност останува.

Жалимиме што Бугарската Влада ги повлече средствата предвидени за реконструкција на делот на пругата од Софија до Ѓуешево вели Николоски.

-Со жалење ја примавме информацијата која што вчера стигна, а која што е веќе и официјален документ усвоен од бугарската Влада со кој што Бугарија одлучи да ги тргне средствата кој што претходно беа предвидени за реконструкција на делот на пругата од Софија до Ѓуешево, имајќи ја предвид дека пруга има но пругата е во очајна состојба во БУгарија и практично неможе да се користи и неможе да се изгради тунелот, да се изгради спојка со Ѓуешевоо, туку многу побитно да се направи реконструкција од Ѓуешево до Софија со цел Скопје и Софија да се спојат, појасни Николоски.

-Имајќи предвид дека донесоа одлука средствата за реконструкција на делот од Софија до Перник и од Перник до Радомир да ги пренасочат за пруга од Софија до Бургас мислам дека јасно испраќат политичка порака во однос на нивната посветеност, односно на непосветеност на изградбата на железничкиот Коридор 8 и исто така паѓа во вода целата пропагнада која што беше водена во изминативе 7 месеци против владата, првенствено против премиерот Мицкоски и против мене дека имаме нешто против Бугарија, дека не сакаме да се поврзуваме, дека саме биле некаква оска Атина-Белград и слични глупости кои беа дел од пропагандата но на крај вистината излезе, а тоа било ова само залажување и оправдување пред јавноста и пред европските институции а намерите биле сосем различни, појасни Николоски.

Сакам да Ве инфомрирам дека утрово испратив писма до Европската делегација, до Европската Транспортна Заедница, но исто така и до двете банки ЕИБ и ЕБРД имајќи предвид дека Македонија има потпишано договори за кредит за коридор 8 во висниа од 350 милиони евра и за истите доколку не се користат треба да плаќа резервации, а во овој случај не би се користеле не поради наша вина, туку по вина на соседната држава и мора да го заштитиме и финансискиот интерес на државата. Ние се надеваме дека дијалотогот ке продолжи, последниот обид го направивме на 7 март кога јас испратив писмо преку МНР до бугарската влада до бугарското министерство за транспорт и до сите одговорни. Од наша страна е формирана работна група на највискоот можно ниво, покрај мене министерот за надворешни работи и трговија, министерката за финансии и директорот на Железница Инфраструктура . Очекуваме иста посветеност и од страна на Република Бугарија со цел да можеме да ја изградиме и да ги поврземе Софија и Скопје и на крај одлуката да е на двете страни. Но влади се менуваат, посветеноста останува, јас се надевам дека со оваа или следна бугарска влада ќе успееме да го изградиме коридор 8 затоа што тој е клучна артерија не само за Македонија туку за целиот регион, изјави вицепремиерот Николоски.