Доктор Игор Николов од Клиниката за нефрологија вели дека без медицинските сестри здравствениот систем не може да функционира.
-Тоа се тие без кои што здравствениот систем неможе да функционира. Тие кои се составен и неодвоив дел од ТИМОТ КОЈ ЛЕКУВА!!! Без нив нема ДИЈАЛИЗА, нема ТРАНСПЛАНТАЦИЈА, нема НЕГА на нефролошки болни.
Треба да е јасно дека без медицински сестри и техничари, НЕМОЖЕ да има функционален здравствен систем!!!, пишува Николов во статус на својот Фејсбук профил.
Министерот за здравство Венко Филипче пак ги остава на страна медициснките сестри, или на еден начин ги дискриминира. Тој останува на ставот дека за докторите ќе има покачување од 10 проценти, а за останатиот медицински персонал од само 5 проценти.
Е сега се поставува прашањето колку и за кого има разбирање.
Министерот за здравство Филипче остана на ставот дека за докторите ќе има покачување од 10 проценти, а за останатиот медицински персонал од само 5 проценти. Тоа мината недела го соопштил министерот на средба со претставници на Синдикатот.
На попладневната средба му биле предложени неколку опции меѓу кои и таа на пример покачувањето за сите да биде исто. Му било предложено да биде 6 или 7,5 проценти, но за сите. Сепак министерот останал дециден на ставот дека сака ама не може бидејќи тоа многу ќе го оптерети буџетот.
-Со оваа поделба што се прави сега од страна на министерот, настана поделба меѓу вработените во здравствениот сектор. И онака е лоша состојбата ова дополнително не подели, коментираат деновиве здравствените работници. Филипче со оваа одлука дискриминира околу 22 илјади медицински персонал во јавните здравствени услуги, или сите оние кои не се доктори како медицински сестри, лаборанти, радиолози, физотерапевти и други. Или на еден доктор во просек во јавното здравство има 4-5 лица друг медицински персонал.
Неофицијално здравствените работници велат дека останува опцијата штрајк, но истата дополнително би се разгледала и следната недела ќе има прецизни информации.